about our company
our services
clients
learn more
contact us
 
 
 
 

1. Шпедиција

- Увозно царинење
Стручни и лиценцирани царински посредници со своето долгодишно искуство во областа на увозното царинење во секој момент Ви се достапни за консултации за увозно царинење , секаков вид на логистичка консултација како и финален преглед и подготовка на целокупната потребна документација за финално увозно царинење на Вашите стоки . Брзо и доверливо царинење на Вашите пратки е приоритетна цел на Нашиот кадар , со конечен резултат – задоволни коминтенти.

- Извозно царинење
Извозот како битен сегмент за коминтентите никогаш не би бил успешен доколку не е поддржан од уредно подготвена документација од страна на Вашиот матичен шпедитер . Подготовката на документацијата за извозот се врши со претходен внимателен преглед од страна на лиценцирани шпедитери чија основна цел е успешно , квалитетно и се разбира брзо извозно царинење на Вашите пратки.

- Реекспорт
Продажбата на неоцаринета стока донесена во Македонија од странски извозник за македонска фирма на странски купувач се изведува со постапка за транзит на стока која исто како и увозното/извозното царинење одзема и бара обработка на документација од страна на искусен и ефикасен кадар за ваков вид на царинска постапка , а ние како фирма која успешно работи повеќе години Ви го пружаме истото.

- Транзит
Со својата ефикасност при работење лесно го извршуваме преносот на стока од една Ц.И. до друга Ц.И. во рамките на територијата на Р.М. преку постапка за транзит на стоки . Со оглед на тоа дека на кон сите видови царински постапки пристапуваме со одговорен , брз, доверлив и ефикасен пристап ние сме единствен логичен избор за сите оние кои се грижат за своите пратки

2. Транспорт

Основен предуслов за успех во индустинските гранки е транспортот на производите до крајната дестинација . Глобално сервисно решение со посредување во авионски , железнички и камионски транспорт на Вашите пратки преку развиена мрежа на соработници ,како и навремени инфомации за позицијата на стоките кои се превезуваат е битен сегмент во Нашето работење финализиран со брз,ефикасен и безбеден пренос на Вашите пратки до крајната дестинација.

3. Пратење на законски промени

Нашите коминтенти се навремено информирани за сите законски промени во царинските процедури како и во транспортот на стоките за непречено извршување на своите дејности.


4. Авионски карго превоз
5. Бродски карго превоз
6
. Магацински простор

 
 
   
 

 






Simax Spedicija Dooel

ПОЧЕТНА | ЗА НАС | УСЛУГИ | КЛИЕНТИ | КОНТАКТ